За еден месец плус 15 милиони евра

Bez autora
Feb 24 2013

Во јануари лошите кредити пораснале за 15,5 милиони евра и сега изнесуваат 382 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка. Влошувањето на кредитното портфолио на почетокот на годинава доаѓа како последица на неликвидноста на компаниите, како и намалениот обем на работа. Бизнис-секторот е доминантен во проблематичното кредитно портфолио. Најпроблематични должници се трговските компании, фирмите од прехранбената и од металската индустрија, коишто всушност, и најсилно ги чувствуваат негативните ефекти од еврокризата. Банкарите пак, се цврсто убедени дека ниту овие економски нарушувања што им се закануваат на домашните компании нема да ја нарушат стабилноста на банкарскиот сектор, но признаваат дека во такви услови кредитирањето ќе биде сведено на минимум.

За еден месец плус 15 милиони евраВо јануари лошите кредити пораснале за 15,5 милиони евра и сега изнесуваат 382 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка.

Влошувањето на кредитното портфолио на почетокот на годинава доаѓа како последица на неликвидноста на компаниите, како и намалениот обем на работа.

- Бизнис-секторот е доминантен во проблематичното кредитно портфолио. Најпроблематични должници се трговските компании, фирмите од прехранбената и од металската индустрија, коишто всушност, и најсилно ги чувствуваат негативните ефекти од еврокризата - анализираат од НБРМ.

Банкарите пак, се цврсто убедени дека ниту овие економски нарушувања што им се закануваат на домашните компании нема да ја нарушат стабилноста на банкарскиот сектор, но признаваат дека во такви услови кредитирањето ќе биде сведено на минимум. Гувернерот Димитар Богов уште лани предупреди дека намалената побарувачка за македонскиот извоз, падот на производството и на економскиот раст би довеле до раст на лошите кредити за околу 2 до 3 процентни поени и негативно би се одразиле врз профитабилноста на банките. Но, не се очекува драматично влошување на кредитното портфолио.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik